Марко: Редот се врати по нашето фиаско

По многуте контроверзи од тимските наредби во Бразил, Ред Бул повторно го освои  предниот ред на квалификациите за Големата награда на Абу Даби, а доктор Хелмут Марко е задоволен од резултатот. 

Перез ја пофали тимската работа по кралификациите и повлече линија по контроверзите од Бразил додека на Марко му олеснило по покажаните перформанси. 

Прво и второ место. По фијаското од Бразил, среќни сме и задоволни што редот се врати. Верстапен имаше проблеми два пати, но не беше загрижен. Потоа се појави проблем со предното крило, но тој испорача како и секогаш – задоволен е искусниот австриец.

Перформансите во текот на викендот му покажаа на Марко дека трката може да биде добра и Перез да ја освои втората позиција кај возачите. 

Среќни сме со долгите серии, ПОсебно со трошењето на гумите што е подобро од Ферари. Останува да испорачаме во недела.

Се надевам дека ќе завршиме на прва и втора позиција во шампионатот на возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ