Марко: Ред Бул заврши со Квјат

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека Ред Бул завршиле со Даниил Квјат и нема шанса за трето негово враќање во Формула 1 преку некоја од нивните екипи. 

Русинот беше повикан во 2019 година да се врати во Торо Росо и да вози покрај Алекс Албон, но по две сезони неговиот договор не беше продолжен и на негово место ќе дојде Јуки Тсунода. 

Таа тема е завршена за нас. Во последните две три трки покажа брзина. 

Но, Квјат цело време заостануваше зад својот колега Пјер Гасли и според зборовите на Марко тоа е под очекувањата за толку искуство. Дани призна дека бил послаб на почетокот на сезоната, но успеал да се справи и да покаже перформанси. Четвртата позиција на Гранд При трката во Емилија Ромања беше најдобар резултат за него. 

Кога тоа се случува брзо се фрустрираш – изјави Квјат за неговите проблеми на почетокот. 

Но тој не си барал изговор и ги пофали перформансите на Гасли од другата страна на гаражата. 

Секако тоа помогна. Секогаш сакате подобар старт во сезоната, Но не сакам да зборувам многу и Пјер извозе одлично. Требаше да сме поблизу на стартот на сезоната. Понекогаш тој влегуваше во К3, а јас испаѓав од К2. ТОа често се случуваше. 

Перформансите на Квјат се подобрија и тој беше задоволен, но сеапк тоа не беше доволно за Ред Бул и тие нема да продолжат со него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ