Марко сака силен Мерцедес наредната година

Хелмут Марко од Ред Бул очекува Мерцедес да се врати во конкуренција наредната сезона. Тимот од Брекли имаше тешка сезона откако ретко успеваше да ги предизвика Ред Бул и Ферари за победата. 

Ова беше прв пад на перформанси по нивната доминација во турбо ерата. 

Марко верува дека Мерцедес ќе имаат силен болид наредната година. 

Ферари се силни но мислам дека Мерцедес ќе бидат посилни. Тие го имаат Луис Хамилтон кој сеуше е врвен возач. Навистина и Ферари го имаат Леклер но тој прави грешки. 

Според правилата на Мерцедес му е дозволено повеќе време од Ред Бул во воздушен тунел. Но Марко негира дека тоа ќе го стави Ред Бул во лоша позиција. 

Мерцедес се избори оваа сезона. Сеуште не може да ни парираат но сепак имаат повеќе време во тунел да го развиваат болидот. Не сум загрижен. Ние го имаме Макс кој е најдобриот возач на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ