Марко за променливата форма кај Верстапен во петочните сесии

Макс Верстапен беше седум десетинки пред сите во Т1 пред да биде стигнат од Алонсо во втората тренинг сесија на Шпанското ГП.

Советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко, објасни зошто доминацијата на Макс Верстапен исчезнала помеѓу петочните тренинзи за Големата Награда на Шпанија.

Двократниот светски шампион постави неверојатен репер за да заврши над седум десетинки пред тимскиот колега Серхио Перез во Т1, кој беше втор најбрз.

Но, Фернандо Алонсо го намали дефицитот на само 0,170 секунди во втората сесија за да обезбеди оптимизам за битка за пол позиција на патеката Каталуња.

За тоа зошто разликата на Верстапен испари меѓу сесиите, Марко ги сподели деталите:

Тоа е поврзано со фактот дека на вториот слободен тренинг, главно се концентриравме на долги стинтови и во текот на еден круг имавме мали проблеми.

Перез, исто така, можеше да ја намали разликата со холанѓанецот во Т2, но се најде зад Алонсо и Хаас-от на Нико Хулкенберг.

Тој се придвижи малку повеќе кон Верстапен со поставувањето на болидот, што ги направи времињата малку подобри – рече Марко.

Меѓутоа, тој има проблем да не вози константни времиња по круг во подолг временски период.

Ќе провериме што сè уште можеме да направиме во врска со тоа, можеби ќе треба да преземеме повеќе чекори кон поставувањето на Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ