Марко со различна изјава од Хорнер: Хулк беше сериозен кандидат

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека Нико Хулкенберг бил сериозен кандидат за возачко место во тимо за следната сезона и покрај тоа што шефот на екипата, Кристијан Хорнер, го тврдеше спротивното.

Откако тимот го потврди Чеко Перез за следната година Хорнер откри дека имале само кус и прелиминарен контакт со Нико Хулкенберг и дека мексиканецот Перез секогаш бил нивна главна цел како замена за Александер Албон кој не успеа да се наметне.

дефинитивно хулкенберг беше сериозен кандидат. темелно ги анализиравме силните и слаби страни на тројцата кандидати, алексндер албон, серхио перез и нико хулкенберг и на крајот донесовме одлука перез да го земеме во тимот наместо хулкенберг. серхио носи најмногу знаење за моторот на мерцедес со себе и за жал нико имаше само некоклу трки сезонава – појасни марко.

Германецот беше отпуштен од Рено на крајот од минатата сезона, а годинава одработе само три трки во Рејсинг Поинт, два пати го менуваше токму Перез и еднаш Ленс Строл. Споредено со него, мексиканецот Чеко иаше моќна сезона, најдобра во кариерата во која победи на Шакирското Гранд При и заврши на 4то место во поредокот.

серхио го заслужува тоа место, јас тоа не можам да го променам и ќе се концентрирам кон подготовка за мојата иднина, ќе се одржувам во форма и тука сум ако ме побараат – реален е нико.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ