Марко тврди: Мајами не беше најдобра трка за Верстапен

Доктор Хелмут Марко тврди дека неуспехот на Макс Верстапен во квалификациите било причина што попречила на неговиот настап на Големата Награда на Мајами да биде еден од неговите најдобри во Формула 1 кариерата.

Верстапен не успеа да постави време на круг во К3 за време на саботната квалификациска сесија, откажувајќи се од својот прв летечки круг поради грешка пред сударот на Шарл Леклер да предизвика црвено знаме и крај на сесијата. Холандскиот возач стартуваше деветти на гридот, благодарение на саботните проблеми, но го претекна целиот грид пред себе во неделата за да стигне до својата трета победа во сезоната и да ја зголеми предноста на врвот на табелата кај возачите.

Таа победа беше огромен успех, бидејќи Верстапен сака да се одбрани од предизвикот на расположениот Серхио Перез и да ја освои својата трета последователна светска титула.

Ова беше неверојатна трка од Макс – рече Марко.

Беше брз, но внимаваше и на состојбата на неговите гуми. Фактот што го извозе најбрзото време во претпоследниот круг беше импресивно.

Верстапен беше едноставно незапирлив за време на трката во Мајами. Марко потоа објасни дека токму квалификациите го спречиле Верстапен да ја има својата најдобра трка досега.

Ако го занемариме тој момент за време на квалификациите во сабота, ова беше еден од најдобрите настапи на Макс.

тој ја направи разликата во тоа. Претходно бевме малку загрижени дали ќе има безбедносно возило, но тоа не беше случај. Откако имаше слободен простор пред себе, Макс беше незапирлив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ