Марко: Ферари многу загубија со заминувањето на Биното

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, верува дека Ферари ќе бидат послаба екипа поради заминувањето на Матиа Биното од Маранело.

Кусо по крајот на оваа сезона, од Скудерија соопштија дека ја прифаќаат оставкта на својот шеф по пет години минати на чело на тимот од Маранело. Замената многу брзо беше најдена во Фредерик Васур, довчерашниот шеф на Алфа Ромео и поранешен челник на Рено.

Италијанците имаа тешка година исполнета со откажување поради технички проблеми, стратешки грешки и возачки проблеми, откако силно ја почнаа сезоната со две победи на првите три трки.

во врска со ферари, не ја разбирам нивната промена затоа што биното е одличен техничар и политичар. тој беше преоптеретен со работата која му беше доделена, така што сметам дека ќе беше подобро да му се додели спортски директор кој ќе го поддржи на патеката и со стратегијата. со промената, јас мислам дека ферари ќе бидат послаби – изјави доктор марко.

Запрашан дали Ред Бул и Мерцедес ќе искористат од промената во Маранело, тој одговори:

дефинитивно преку стабилноста и континуитетот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ