Марко: Ферари премногу грешат

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, смета дека Скудерија Ферари премногу и пречесто грешат во борбата за овогодинешните титули.

Болидот од Маранело несомнено е побрз од РБ18 на Ред Бул, но Шарл Леклер заостанува 80 поени зад својот колега во борбата кај возачите.

тие речиси прават се погрешно. во будимпешта, на пример, прв пат не ги загрејаа гумите како што треба и во исто време одбраа целосно погрешна стратегија – посочи марко за австриски Osterreich.

Тото Волф од Мерцедес посочи дека грешката на Ферари биле тренинзите на кои тие ги искористиле медиум гумите кои требало да бидат за трка.

не разбирам зошто не искористија медиум гума туку целосно промашија со хард компонентата. само дозволија да ги славиме тото и мерцедес како многу успешни на трката.

јас едноставно сакам да видам како се ценат перформансите на макс како што заслужуваат. тој победи со старт од 10то место на патека каде многу тешко се претекнува.

Запрашан дали ужива во далеку полесната сезона споредено со ланската кога мака мачеа против Мерцедес и Луис Хамилтон, доктор Марко искрено призна:

да, навистина годинава ни е многу забавно. секој викенд е задоволство што е целосно различно од лани кога секогаш беше многу нервозно и напднато. штета што ферари прават толку многу грешки.

навистина се под нивото и ние е жал за нив, но сигурен сум дека ќе се вратат посилни затоа што имаат моќен болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ