Мекиес прави трансфер од Ферари во АлфаТаури ?

Французинот Лорен Мекиес е пред трансфер во АлфаТаури и прашање на време е кога официјално ќе се потврди напуштањето на Маранело.

Според одредени италијански медиуми, Мекиес ќе работи крај Франц Тост и се очекува да биде само прв чекор од реструктуирањето на малата екипа од Фаенца. Тој има претходно работно искуство во Минарди, претходникот на Торо Росо каде стигна во 2002 година, а по 10 години стана и главен на инженерингот, по што направи трансфер во ФИА од каде дојде во Ферари.

Како дел од рестуктуирањето, АлфаТаури неодамна открија дека го носат Ларс Стегелман како главен во комерцијалниот дел на екипата. Сето тоа само посочува дека тимот не е на продажба и дека Ред Бул сериозно инвестираат и во својата втора екипа.

RacingNews365.com пренесува дека Ред Бул одбиле доста понуди за својата втора екипа вклучително и онаа од над 800 милиони долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ