Мекларен нема да бираат возачи за комерцијални цели

Зек Браун посочи дека додека тој е на чело на екипата, нема никогаш да си дозволат да бираат возачи од комерцијални причини.

Неколку возачи во последно време се споменуваат за место во тимот откако се потешко е дека Даниел Рикардо ќе си го задржи местото по крајот на следната година и истекот на неговиот договор.

Индикар возачот на Мекларен, Пато О’Вард беше дел од тестот за дебитанти по крајот на трката во Абу Даби, а мимнатата недела, неговиот ривал од американската тркачка серија, Колтон Херта, искуси лански болидот на тимот на тест на Портимао. Двајцата ќе одработат петочна тренинг сесија за Мекларен во текот на оваа сезонава како дел од задолжителната обврска за екипите.

Минатата недела Мекларен “под свое“ го стави и ланскиот Иникар првак, Алекс Палу и му даде договор со Индикар екипата.

Зек Браун јасно стави до знаење дека ниту еден тест кој тимот го одработува со возач не е насочен кон подобрување на имиџот, туку сериозно организирани настани со цел да се прибере млад талент во екипата.

многу сме сериозни пред некого да сместиме во нашиот формула 1 болид. тоа што херта е американец е одлично, но тој го возеше болидот поради своите перформанси. националноста секако дека не ни е важна и никогаш не би одбрале воач само поради комерцијални причини – посочи главниот извршен директор на мекларен рејсинг.

Амриканецот посочи кои се приоритети на екипата кога бира да поддржи млад и ветувачки возач.

прво нешто што гледаме е дали тој има капацитет да стане шампион и да победува на гранд при трки, а ако одговорот на тоа е да, тогаш продолжуваме понатаму

ако се британци, затоа што ние сме британска екипа, ако се американцки, затоа што тоа е важен пазар, ако се азијци затоа што и тоа е важен пазар е еден вид комерцијалн бонус. но, пред се ние сакаме возач кој знаеме дека е способен да победува на трка, тоа е приоритет и на нашите партнери кои не поддржуваат.

колтон херта до неодамна беше колега на ландо норис во европа, има европско тркачко педигре и ние сакаме да го пробаме и да видиме што точно може да направи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ