Мекларен преговара да го превземе Мерцедес Формула Е тимот

Мерцедес Формула Е тимот на крајот на оваа година ја губи подршката од фабриката, но сепак се отвора врата за влез на Мекларен. 

Во седмата сезона на Формула Е, Мерцедес ја освоија првата титула и тоа кај конструкторите и кај возачите. Во осмата сезона влегоа како бранители на титулата иако претходно беше одлучено дека таа ќе биде последна за тимот. 

Мекларен сепак размислуваат за влез во Формула Е и во повеќе други серии вклучувајќи ги моменталните во Ф1 и Индикар и потенцијален влез во ВЕЦ. Според некои гласини се воделе преговори помеѓу Зак Браун и шефот на Мерцедес EQ, Иан Џејмс, уште минатата година во Саудиска Арабија.

Џејмс и другите директори на Мерцедес имале состанок со Браун за евентуална соработка во Ријад и сега уште повеќе се преговара. Не е јасно до каде се преговорите, но се чини дека сепак болидите на Мекларен најверојатно ќе бидат придвижувани од Нисан за третата генерација на болиди. Сепак, има голема можност Мекларен и да основа свој тим без инволвираност на Мерцедес. 

Џејмс верува дека Мерцедес не завршиле со Формула Е и сепак ќе го задржат интересот на некој начин. 

Ние сме јасни за нашата иднина и сметаме дека ќе си ја одиграме нашата улога во третата генерација. Што и да се случи во иднина, ние сме подготвени. Дали ќе останеме на комерцијалната страна или ќе бидеме снабдувачи, сепак мислам дека во моментов имаме одличен пакет. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ