Мекларен признаваат вина за проблемите на Рикардо

Од Мекларен изјавија дека имаат одговорност за тоа што не успеала работата со Даниел Рикардо откако беше потврдено дека тој ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Иако има уште една година согласно договорот, тој предвреме ќе си замине од тимот откако беше направена спогодба. Шефот на тимот, Андреас Сеидл, изјави дека одговорноста за неуспехот се дели помеѓу тимот и возачот.

Јасно е дека не успеавме, но во исто време мора да се фокусираме на наредните девет трки кои ни преостанаа како тим. Даниел ќе продолжи со работа како и до сега за да се избориме со Алпин и да ја освоиме четвртата позиција.

Рикардо во изминатиот период со Мекларен имаше добри и лоши моменти, а дојде и до една победа на Монца, но генерално заостанува зад Ландо Норис.

Мислам дека е важно да се осигуреме дека работата е завршена. Важно е да работиме заедно. Мора да сум искрен дека дадовме се од себе од двете страни, Но сепак не успеавме – заврши сеидл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ