Мекларен ќе вози со свои менувачи и следната година

И покрај тоа што Мекларен ќе возат со мотори на Мерцедес следната година, британците ќе го користат својот менувач кој самите го развиваат, исто како што прават и оваа година со моторот на Рено.

нема промени во нашата стратегија. можеби ќе имаме мотор на мерцедес следната година, но никогаш не планиравме да го промениме менувачот и ќе продолжиме да си ја правиме сами својата трансмисија – потврди андреас сеидл, шефот на екипата.

Годинава започна одлично за Мекларен во нивната последна сезона со мотори на Рено откако Ландо Норис дојде до подиум на првата трка од сезоната, а поените на првите три викенди го ставија тимот на 3то место во поредокот, пред Рејсинг Поинт.

Сеидл признава дека дел од подобрените перформанси се должат и на одличниот мотор на Рено кој во нивниот болид годинава е безгрешен.

на првите три трки немавме проблеми со ниту еден болид, ги завршивме сите квалификации и сите трки со двата болиди што е одличен учинок споредно со лани.

имавме одлични зимски тестови во барселона каде комплетиравме многу километри и тога сега ни се испалти. завршување трки е клучно во собирање поени.

морам да им се заблагодарам на колегите од рено кои имаат огромен удел во овој наш скор

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ