Мелбурн ќе донесе фестивал на претекнување, смета Хорнер

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, смета дека благодарение на четирите ДРС зони и новата конфигурација на патеката, очекува фестивал на претекнување на Австралиското Гранд При.

Со цел да се зголеми бројот на претекнување на трката, ФИА дозволи четири ДРС зони на овогодинешниот настан, но Хорнер предупреди дека Федерацијата треба да биде внимателна со зоните поради бркотницата помеѓу Леклер и Верстапен од првите две трки, токму на ДРС зоните.

дефинитивно не сакаме повторно да го гледаме она што макс и шарл го правеа на цеда. ако линијата за активација таму беше подоцна или на самата кривина, немаше да има такви такитчки игри.

овдека ќе биде многу интересно со четирите дрс зони, всушоност речиси целиот круг е дрс зона, ќе биде лесно да се претекне, но мора да се биде внимателен.

дрс треба да ви овозможи поголем слипстрим односно залет зад болид, но не смее да ви дозволи буквално да прелетувате други болиди. очекувам да биде како мотогп трка кога може исти возачи да се претекнуваат по 2-3 пати во текот на исти круг – посочи хорнер.

Запрашан дали МотоГП стил во Формула 1 трка е добро или лошо, тимскиот шеф одговори:

да почекаме до недела и тогаш да судиме, но се зависи од доллжината на тие дрс зони во врска со нивното влијание и оленсување на претекнувањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ