Мерцведес незагрижени за дефектниот управувач на Хамилтон

Во шампионскиот тим на Мерцедес нема загриженост околу безбедноста на управувачот на Луис Хамилтон откако британецот се пожали во пресрет на стартот на Ајфелското Гранд При дека има проблем со истиот.

За време на круговите кон гридот, Хамилтон преку тимското радио запраша дали дефектот со неговиот управувач кој бил детектиран на саботните квалификации бил корегиран во текот на ноќта, но неговиот инженер му објасни дека не добиле дозвола од ФИА за тоа. Екипите може да добијат дозвола од ФИА да променат некои делови во парк ферме услови само доколку докажат дека делот е уштетен.

Главниот и одговорен за стратрегијата на Мерцедес, Џејмс Вауелс, потенцираше дека проблемот бил во чувството на Луис во болидот, а не откажување на некој дел.

можеби го чувте луис како се жали за движењето на неговиот управувач затоа што целиот управувач по малку се движеше кон напред и кон назад. се работи за ограничување на перформансите, вртите и се обидувате да стекнете колку што може подобро чувство за гумите, а таков зјај во движењето на управувачот не во помага затоа што не може да направите соодветна проценка.

како и да е, не беше безбедносен проблем и поради тоа никој во тимот не беше загрижен. проблемот го забележавме во сабота, но парк ферме правилата не ни дозволуваа да реагираме затоа што немавме скршен дел кој бараше замена. поради тоа луис мораше да продолжи да се трка со таков управувач и заврши одлична работа со оглед на условите во трка – објасни вауелс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ