Мерцедесот на Фанџо оди на аукција

Мерцедесот кој му беше подарен на Хуан Мануел Фанџо пред неговото заминување од Формула 1 екипата, оди на аукција и би можел да биде продаден за огромно богатство. 

Тој важи за еден од најголемите возач во Формула 1 историјата со 5 титули во ера во која многу лесно се губел живот. Во име на неговото семејство, Сотби ќе го понуди неговиот автомобил на аукција. 

Се очекува автомобилот да се продаде за 5 милиони фунти бидејќи се работи за Мерцедес 300 СЛ Галвинг и последниот таков беше продаден за 5.1 милион фунти. 

Внукот на Фанџо кој го носи неговото име изјави:

Овој автомобил го одбележи моето детство. Буди посебни чувства за мене. По него беше познат вујко ми по пензијата. Тој е од посебно значење бидејќи е поклон од Мерцедес. 

Автомобилот има поминато 45,000 миљи и го возел лично Фанџо по неговата пензија низ Европа и Јужна Америка. Два пати има учествувано на Миле Милија пред да го стави во Фанџо Музејот во 1986 година. Видео од автомобилот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ