Мерцедес биле оптимисти за актуелниот болид

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, призна дека тимот бил преголем оптимист за нивниот болид оваа сезона правен според новите правила. 

Мерцедес имаа различен пристап кон дизајнот на болидот правејќи го без странични делови, но тоа се покажа како погрешно бидејќи имаа најголем потскокнување од сите тимови оваа сезона. 

Беше интересно патување. Мислам дека бевме преголеми оптимисти за болидот. Тој имаше доста потисна сила, но веднаш се појавија проблемите. Не беше се според очекувањата и работевме напорно да го средиме – откри шовлин.

Средувањето на перформансите на болидот беше главна работа на тимот за да се доближи до Ред Бул и Ферари. На некои патеки со повеќе потисна сила му одговараа, додека на тие со малку потисна сила беше сосем обратно. 

Спа беше интересна. Тоа беше еден од најлошите викенди за нас. Научивме доста и го развиваме болидот за во иднина. На Зандворт бевме поконкурентни, но сепак имаме проблем и работиме на аеродинамиката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ