Мерцедес веруваат дека Луис ништо не погрешил

Луис Хаилтон мора да се појави пред стјуардите во Мексико по денешниот спринт поради грешки во стартната процедура, но во тимот не се загрижени и сметаат дека тој ништо не погрешил.

Хамилтон заедно со Даниел Рикардо и кинезот Гуанју Жу се тројца од вкупно шест воззачи кои се под истрага, а тие поради прекршоци во старните процедури. Никој од нив не тргнал прерано, туку проблем е во позиционирањето и сомнежот дека не биле на предвиденото место.

По ревидирање на снимките, главниот инженер Ендру Шовлин е сигурен дека британецот нема да добие никаква казна и нема да го загуби освоеното 3то место што значи прв стартен ред поради казната на Саинз.

не разговарав со контролата на трка, но рекоа дека одлуката ќе ја донесат по крајот на спринтот. истрагата е во врска со позиционриање на болидот на стартот, но ние ги видовме снимките и излгеда дека конзервативно и сигурно го поставивме болидот каде што треба.

можеби проблемот е нивниот сензор, не знам, но од снимките нема никаков проблем или отстаување на болидот на луис – сигурен е шовлин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ