Мерцедес ветуваат уште многу надградби

Главниот технички директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, изјави дека ќе има уште многу подобрувања на W13 додека бараат начин да се вратат напред на гридот.

Тимот воведе надградби на болидот постепено во текот на изминатите неколку трки и иако направија чекори напред во приближувањето до темпото на трка со тоа на Ред Бул и Ферари, нивниот дефицит останува околу една секунда. Луис Хамилтон се квалификуваше девет десетинки зад возачот на пол позиција Шарл Леклер на трката за Големата награда на Франција минатиот викенд.

Алисон објасни дека квалификациите остануваат главна грижа за Мерцедес во моментов и призна дека на Унгарското Гранд При е малку веројатно актуелните шампиони да ги притиснат двајцата фаворити за пол позиција. Тој додаде дека надградбите ќе продолжат да доаѓаат во болидот како што изминува сезоната бидејќи тимскиот шеф Тото Волф смета дека има уште многу работа за Мерцедес да се бори со Ред Бул и Ферари до крајот на годината.

Трката е над 50 кругови и да имате болид кој е конкурентен во сите тие ви дава можности и ние обично можевме да се вратиме напред низ трката во силна позиција. Очигледно би сакале да бидеме поконкурентни во квалификациите – изјави Алисон.

Некои патеки како Будимпешта ќе ни предизвикаат проблеми и треба да се осигураме дека сме немаме голем број други тимови меѓу нас, Ферари и Ред Бул.

Во однос на самите надградби, тие се мали делови што беа додадени на болидот, но важната поента е дека имаме планови да воведеме многу, многу повеќе низ трките што следат.

Нема да можеме со еден потег да се израмниме и да бидеме со Ферари и Ред Бул. Но, се надевам, како што видовте во текот на сезоната досега, постепено ја намалуваме таа празнина и ни претстои уште повеќе.

Мерцедес оди на Унгарското Гранд При викенд после нивниот најдобар резултат во сезоната досега, откако Хамилтон и Џорџ Расел се пласираа на подиумот на Пол Рикар последен пат, иако Макс Верстапен имаше удобна предност напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ