Мерцедес во картинг го бара наследникот на Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека тие будно следат настапи во јуниорски картинг серии, барајќи го наследниот на Луис Хамилтон. Во моментов штитеници на Мерцедес се надежниот Естебан Окон кој има голема шанса за фабричката екипа во иднина, ГП3 првакот Џорџ Расел и Паскал Верлејн кој од Формула 1 годинава ќе се врати во ДРМ.

Се обидуваме будно да следиме и да го идентификуваме следниот Луис Хамилтон за по 5-6 години кога тој ќе реши да си замине од Формула 1. Целосно сме отворени и посветени на тој процес и гледале дури до најмладите возачи во картинг сериите.

Поддржуваме млад италијанец кој има едвај 12 години. Уживаме во тој процес, но засега се работи само за идентификување на таленот без разлика каде и да се наоѓа – откри Волф.

Џорџ Расел лани го имаше своето официјално Формула 1 деби на Големата награда на Бразил откако доби сесија со Форс Индија. 19-годишникот годинава се сели во Формула 2 серијата со АРТ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ