Мерцедес во одбрана на Ботас: Не мислеше ништо лошо во коментарот за “Вуханскиот лилјак“

Мерцедес застанаа на страната на својот возач Валтери Ботас и велат дека финецот не мислел да покаже непочитување кон никого со својот коментар за “лилјанот од Вухан“.

Ботас имаше очајно лош викенд за Големата награда на Турција и се изврте дури 6 пати во текот на трката, а почна рано, уште во првиот круг по контактот со Естебан Окон.

По трката, од страна на холандски Ziggo Sport, Валтери беше запрашан дали има ден во 2020 година кој повеќе би сакал да го заборави од трката во Турција, на што тој одговори.

нема … но можеби денот кога некој донесе лилјак од вухан во европа.

Шегата не им се допадна на кинеските фанови на Мерцедес кои реагираа преку социјалните медиуми, на што експресно реагираше Мерцедес преку социјалната мреж Weibo, водечка во Кина.

драги кинески фанови. како што знаеме, спортот носи врвни емоции, особнено со подемите и падовите кои ги носат победите и поразите.

во недела валтери имаште тешка и разочарувачка трка во која ја загуби и теоретската шанса за титула.

тој немаше намера да навреди никого пред телевизиските камери по трката и секако не сакаше да изрази непочитување кон кина и кинеските фанови.

тој е валтери кој ен го знае, тој се грижи за секој фан во кина како штосе грижиме и ние и на сите им посакува безбедност во овие тешки времиња.

ви посакуваме добра недела на сите и нетрпеливи сме на последните три трки од оваа сезона заедно – напишаа од мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ