Мерцедес ги носат последните новини во Остин

Мерцедес ќе пристигнат на Патеката на Америките во американски Остин, Тексас, со подобрена аеродинамика на својот проблематичен В13 болид.

Американското Гранд При е на програма следната недела како почеток на три трки во Америка и финалето во Абу Даби. Мерцедес беа доминантни во турбо хибридната ера, но годинава се мачат со својот пакет. Претстојната трка ќе донесат нови делови кои ќе може да ги користат и следната година.

ќе го имаме нашиот последен чекор во аеродинамичкиот разој и тоа веројатно ќе ни даде перформанси во секој поглед, ќе научиме уште повеќе и ќе видиме што можеме да пренесеме во следната сезона. се работи за некои делови кои успеавме да ги олесниме со цел да се намали целокупната тежина на болидот.

тешко е да предвидеме до каде ќе бидеме, во сингапур луис беше преблиску до пол позиција, додека на сузука многу заостанувавме зад најбрзите. сега имаме разумо силен тркачки ритам и ако сакаме да направиме чекор напред, се надеваме на борба со ред бул и ферари, мора значително да се подобриме.

како што реков, се работи за учење и секако дека ќе дадеме се од себе на последните четири трки од сезоната – објасни ендру шовлин, главниот инженер на патека за мерцедес.

КОТА доби нов асфалт сезонава по критиките од ланскиот настан каде возачите се жалеа на нерамнините на патеката. Иако се надеваат дека помазната патека многу ќе ги забрза, не знаат какде точно ќе бидат во поредокот.

се работи за тешка патека за нас од лани. беше многу нерамно, имаше многу прегревање на гумите и немавме перформанси како ред бул на меките гуми. има нов асфлат и се надеваме дека дел од проблемите ќе бидат решени, но тешко е да се знае до каде ќе бидеме годинава затоа што се е ново.

не сакам ништо да предвидувам во однос на перформанси и поредок, треба само да излеземе во петок, да видиме со какви проблеми ќе се соочиме и веднаш да тргнеме во нивно отстранување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ