Мерцедес ги предупреди ривалите: Имаме уште многу борби

Од Мерцедес најавија уште многу перформанси во блиска иднина за да се борат со ривалите од Ред Бул и Ферари. 

Тимот од Брекли заостануваше на почетокот со новите технички правила и сеуште нема победено оваа година. Болидот В13 полека го средуваат и стигнаа до неколку подиуми и на последните две трки имаат вкупно четири топ 3 пласмани.

Имаме уште многу да понудиме. Ќе донесеме надградби на Спа за да видиме до каде сме. Го развиваме болидот малку по малку. На последните трки беше интересно и се надевавме дека со надградбите ќе одиме понапред и можеби во иднина ќе стигнеме до победи – изјави главниот инженер на патека за конструкторските прваци, ендру шовлин.

Тој посочи дека двојниот подиум на Мерцедес во Будимпешта бил без проблеми на патеката. 

Последниот подиум ни беше доста драг поради тоа што немавме проблеми со издржливоста. Брзината на болидот беше добра и имавме добра трка пред летната пауза.

најдобро беше што болидот беше константен на квалифиакциите и трката. Имавме доста за работа на стартот на сезоната и работевме напорно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ