Мерцедес го менувале моторот поради новата шасија

Од Мерцедес открија дека целосно новите правила и целосно новата шасија за оваа сезона ги приморале во Бриксворт да работат на целосно ново пакување за агрегатот за да се извлечат максимални перформанси.

Радикалната аеродинамичка филозофија согласно овогодинешните правила е насочена кон земјениот ефект и сето тоа го промени од корен болидот, така што инженерите имале полни раце работа. Така, интеграцијата на моторот во целосно новата шасија станало многу поважно одошто порано.

За среќа, “сребрените“ сами го произведуваат својот мотор, а фабриките во Бракли и Бриксворт имале многу тесна соработка за да се осигураат најдобра можна интеграција помешшу шасијата и моторот.

секоја година разгледуваме како можеме да го промениме на подобро, неговото вградување во болидот да биде подобро со цел да постигнеме најбрзо време. оваа година имаме целосно нова шасија што значи дека имаме можност одново да обмислиме се.

има области на болидот кои се многу осетливи на времето по круг, а има и онакви кои немаат толку големо влијание.

она што се обидуваме да го направиме со нашиот мотор е да останеме подалеку од осетливите места за да им дадеме колку што можеме повеќе слобода на дизајнерите на шасијата за да се спакува колку што може подобро болидот.

работиме рака под рака со одделот за шасија и со сите инженери таму за да се осигураме дека моторот совршено се вклоува онаму каде што треба да биде и да имаме најбрз пакет поради тоа – посочи хајвел томас, опертивниот шеф на одделот за мотори на мерцедес.

Инженерот е нетрпелив да види како прпакуваниот агрегат на Мерцедес се однесува во однос на симулациите и пресметките кои ги имале, но реално и на патеката.

имаме симулации, имаме куп пресметки, ги модифициравме моторите на начин за да бидат колку што може подобри. ќе можеме да реагираме што моторот излезе на патеката на различен начин. секако дека сме очајни за прв пат да го видиме болидот на патека и да видиме дали симулациите ни се точни, ако не, ќе бидеме подготвени да се прилагодиме со неопходните работи за да се осигураме дека ќе му дадеме се што возачот сака.

Шефот на одделот за мотори призна дека замрзнувањето на развојот на мотори до 2025 година ќе биде уште еден предизвик за фабриката.

спецификациите во однос на перформанси на моторот се замрзнати, а тоа значи дека од почетокот на 2022 година очекуваме моторот да биде истиот оној со кој ќе се завшри во 2026 година, перформансите ќе бидат исти.

од средина на оваа година ќе бидат замрзнати и перформансите на електричните системи, а тоа значи дека нема да може да имаме подобрени перформанси, само подобрувања во однос на издржливоста и безбедноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ