Мерцедес го објаснија проблемот на Луис од Мексико

Луист Хамилтон имаше проблеми на квалификациите и трката за Големата награда на Мексико, проблем со моторот кој го пријави на тимот, а “сребрените“ објаснија за што станува збор.

Во текот на еден од најсилните тркачки викенди сезонава за Мерцедес каде Хамилтон финишираше на 2ро место, а Расел две позиции зад него, тој имаше проблеми со моторот иако големата надморска височина се чини годеше на агрегатот во сребрениот болид, сепак седумкратниот првак пријави дека моторот одненадеж губи сила.

страдавме од моментално и кусо губење моќ од моторот и најдовме што е причината за тоа. моторот се мапира согласно условите во кои се користи, најчесто на морското ниво, нулта надморска височина, каде се одржуваат најголем број на ткри.

кога одеднаш одите на голема надморска височина, условите се многу различни и наместо оптимизиран мотор, мора да направите многу промени, многу да работите на агерегатот за кусо време за да го подесите на новите услови. сигурен сум дека сите екипи има такви проблеми, но се чини дека ние највеќе страдавме – посочи џејмс вауелс, главниот стратег на екипата.

Тој призна дека губењето на моќ од моторот било поевидентно на квалификациите, а призна дека губеле и по малку перформанси на трката.

особено беше изразено на квалификациите затоа што моќта многу брзо се испорачува преку агресивно притискање на педалот за гас, што значи дека турбината и системите за доток на гориво многу брзо треба да се менуваат, нешто што на трка не е толку агресивно.

се надевавме дека на трката нема да биде толку лошо затоа што возачите се далеку понежни со педалот за гас, но на квалификации не ја добиваа моќта толку брзо како што тоа е нормално.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ