Мерцедес го “цинкале“ Алонсо за втората казна

Мерцедес наводно биле оние кои и посочиле на ФИА дека Астон Мартин не ја одработиле соодветно казната од 5 секунди за време на Саудиското Гранд При, тврди германски Bild и швајцарски Blick.

Двата весника пренесоа дека Мерцедес побарале од ФИА да провери дали механичар на Астон Мартин го допрел болидот додека истиот морало да биде 5 секунди во место без да смее да се работи за него, а како последица од несоодветното позиционирање на стартниот грид. Казната значеше дека 41-годишниот возач првично загуби позиција по крајот на трката, но потоа истата му беше вратена откако тимот протестираше и поднесе нови релевантни докази.

според наши информации, “сребрените стрели“ им дале на стјуардите на фиа насока да ги проверат астон мартин и тоа го сториле преку радиот системот во текот на трката – вели швајцарскиот весник, а мерцедес одби да коментира по тоа прашање.

Сепак, шефот Тото Волф, призна дека тие ја виделе грешката при работата на болидот на Алонсо.

видовме што направија и видеото го гледавме на забавена снимка неколку пати, така што ни стана јасно дека треба да има казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ