Мерцедес: Гумите на Верстапен беа целосно потрошени во последниот круг

Од Мерцедес веруваат дека Луис Хамилтон ќе победел во Америка доколку трката траела уште еден круг. 

Според нив, гумите на Макс Верстапен биле целосно потрошени и неговите перформанси значително паднале во последниот круг. Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Вауелс, смета дека Хамилтон лесно ќе стигнел до победата доколку трката траела уште некој круг. 

Најпрво, мислам дека Хамилтон ќе го предизвикаше Верстапен, но се сомневам дека тој ќе му дозволеше да биде престасан. Гумите при крајот на трката брзо се трошат и секој круг е важен.

Еден круг порано на крајот значи една десетинка. Имавме голема шанса за престасување на крајот. Деградацијата кај Верстапен на крајот беше огромна и неговите гуми беа готови – вели стратего на шампионскиот тим.

Вауелс објасни дека резултатот ќе бил различен доколку трката траела уште еден круг. 

Можевме да видиме различен резултат доколку трката траеше уште некој круг бидејќи Луис се приближуваше и го следеше во последните кругови. Уште еден круг и можеше друго да се случи.

Тој ја намали целата разлика што ја имаше Верстапен и гумите на Ред булот брзо се трошеа. Тешко е да се направи проценка што ќе се случеше, но стратегијата на Верстапен работеше иако тие сигурно не знаеја до кога ќе траат гумите додека не е предоцна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ