Мерцедес детално го истражуваат подот на Ред Бул

Откако Серхио Перез се судри на саботните квалификации низ Монако, неговиот РБ19 болид беше кренат со кран високот над патепата, а љубопитните конкуренти детално го анализираа подот на најдоминатниот пакет на гридот.

Подот беше видлив за многу фотографи и секако тимски персонал кои беа околу патеката, така што детлно беше испитан. Техничкиот шеф на екипата, Џејмс Алисон, посочи дека слики со висока резулуција им дале одлчна слика на аеродинамичарите на екипата.

фотографите беа позиционирани на различни делови од патеката кадешто веројатноста кранот да ги подигне болидите беше најголема. тие сликаа непрестајно кога се случуваа инциденти, така што нашите мејлови станаа преполни со слики во огромна резолуција од болидите.

имаме добро чувство од каде доаѓа силата на ред бул и секогаш е убаво за нашите аеродинамичари да добијат претстава за некаква идеја и детали како можеме да ги подобриме нашите перформанси – објасни алисон

Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко не се воопшто загрижени за тоа што некој може да ја открие тајната на нивниот болид, но инженерите на Мерцедес напорно работат на проучување на нивниот болид. Но, и В14 болидот на Мерцедес беше дигнат на кранови за да може да го видат сите.

за жал нашиот болид исто така беше дигнат високо викендов и ќе има многу фотографии од конкурентите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ