Мерцедес задоволни од борбениот Ботас

Одговорниот за стратегија во Мерцедес, Џејмс Вауелс, е полн со пофалби за Валтери Ботас за начинот на кој финецот се бореше да го задржи Шарл Леклер зад себе во последниот дел од Руското Гранд При.

По повлекување на второто безбедносно возило, Леклер беше на софт гуми исто како и возачите на Мерцедес, но неговите беа неколку кругови понови така што очекувањата беа да го нападне и мине Мерцедесот пред себе и да дојде во позиција да се бори со Луис Хамилтон.

Но и покрај супериорната брзина на правците од страна на Ферар, Шарл не успеваше да мине поради совршеното и чисто бранење на Валтери во последните делови од трката.

откако леклер застана и промени на нови софт гуми, сите беа на софт компонентата до крајот. при рестартот беше јасно дека ќе имаме притисок и проблеми од ферари затоа што се многу брзи на правците особено во пресрет на 2та кривина од патеката, а со отворен дрс сметавме дека ќе биде неверојатно тешко да си ја задржиме позицијата до крајот на трката.

валтери не погреши ништо, не ги блокираше тркалата ниту во еден наврат на силното кочење на 2та кривина, се бранеше и одлично го поставуваше болидот секоја кривина, токму тоа што требаше да го прави. дополнително, константно ги користеше батериите за да ја максимизира брзината на долгиот правец и тоа го правеше совршено.

леклер се откажа неколку пати, тоа беше очигледно, но само за да ги олади гумите и повторно да се обиде со наполнета батерија. секогаш кога тоа го правеше, валтери одговараше соодветно и машки се бореше до крајот на трката – појасни вауелс.

Успешната одбрана на Ботас му помогна на Луис Хамилтон да направи предност и да го постави најбрзиот круг.

валтери направи многу добра работа со одбраната против леклер затоа што луис во таква ситуација можеше одлично да ги менаџира своите гуми кои беа во одлична состојба. кон крајот на трката си го врати ритамот, го засили моторот и поради одличните гуми успеа да испорача неверојатно конкурентен најбрз круг, добивајќи поен за тоа.

Клучна за 1-2 победата на Мерцедес беше и стратегијата на тимот да се мине во К3 на медиум и да се стартува на таа гума наспроти конкурентите кои беа на софт. Логиката на Мерцедес велеше дека за нивната стратегија да се оствари, ќе им треба безбедносно возило. Мерцедес победија, но Вауелс потенцираше дека тој очекувал Ферари повеќе да се мачи на најмеката компонента.

во пресрет на трката очекувавме софт да биде по кршлив одошто тоа се поакажа на трката. вореалност деградацијата кај софт и медиум беше многу ниска, а тоа ни ја намалуваше шансата за успех.

доколку софт деградираше како во петок, ќе бевме доминантни. тоа значеше влегување по нови гуми околу 15от круг, тогаш очекувавме гумите на ферари да откажуваат, а трката да се врти накај нас. тоа не се случи, тие имаа многу голема прва серија, а ние зависевме од промената на гуимте, во спротивно останувавме зад ферари.

доколку имаше уште едно безбедносно возило нивниот посвеж софт ќе направеше разлика иако имавме позиција на патеката во однос на нив, ќе беа буквално зад нас.

една од причините зошто леклер застана по нови гуми наместо да остане на медиум и да чува позиција беше рестартот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ