Мерцедес знаеле дека болидот не чини пред Бахреин

Уште пред Бахреинското Гранд При, Мерцедес бил свесни дека пакетот не е добар и дека ќе мора да го променат пристапот и концептот.

Германскиот производител имаше тежок почеток на оваа сезона и се покажа дека се многу далеку од Ред Бул. Кусо по квалификациите во Бахреин, Тото Волф најави дека веќе се предава и дека мора да се промени дизајнерскиот конецепт на болидот за да извадат перформанси.

Главниот инженер на тимот, Ендру Шовлин, откри дека тимот заклучил оти ограничувањата на В14 во воздушниот тунел се реална пречка.

ограничувањата на развојот се видливи во воздушниот тунел и ги увидовме уште пред трката во бахреин и почнавме да разговараме за промена на концептот. не се однесува тоа само на овогодинешниот развој, туку ние контиунирно менуваме концепти минативе 10 години.

ако не напредувате како што сакате, тогаш ви треба голема промена, истражувате области од каде барате перформанси. тоа ни се случи пред бахреин, но веројатно итноста да се проба и да се донесат мали делови што може да ја подобрат ситуацијата не натера да почекаме неколку трки – вели шовлин.

Прва работа која “сребрените стрели“ сакаат да ја истражат се страничнит еделови затоа што нивниот дизајн е со минимални страници и токму таму е главната разлика со останатите. Но, Шовлин најави дека ќе се ревидираат и други области на болидот за да се стигне Ред Бул.

веројатно веќе прифативме зборот концепт за нас да се поистоветува со зборот концепт. овој болид е еволуција на болидот кој го имавме лани и многу работи зависат од страничната структура. сега треба да ја погледнеме големата слика затоа што не ни донесе перформанси на кои се надевавме.

има и други области на болидот кој знаеме дека можеме да ги подобриме, би било погрешно да мислиме дека само со различни странични делови ќе ја решиме цела работа и заостатокот ќе исчезне. реалноста е дека огромен дел од заостатокот ќе треба да се анулира о повеќе области, а во моментов имаме проекти со кои ќе носиме перформанси следните пет трки.

Освен промените кои треба да ги направат, тимот има уште еден голем предизвик пред себе, а тоа е да го прилагоди болидот на стилот на Луис Хамилтон.

болидот нема стабилност при влезот во кривина, така што возачите немаат голема верба во него и тоа може да биде тешко по гумите и многу да лизга. користиме повратни информации од двајцата возачи секоја сесија и развојот го насочуваме псоред истите. нема да го подобруваме болидот за луис, туку за двајцата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ