Мерцедес имаат многу идеи со надградениот болид

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, изјави дека екипата има долга листа на идеи за новиот надграден болид. 

“Сребрените“ конечно се вратија кон стандардната филозофија на странични делови од болидот и го покажа ревидираниот пакет овој викенд во Монако. 

Во ситуација сме да гледаме во болидот и да си велиме што можевме да направиме различно и што ќе направиме различно.

Доколку се почне од почеток полесно е да се оптимизира кога си на половина од развојот, но доколку одеднаш направиш голема промена, тогаш е тешко.

ние сме позитивни и имаме голема листа на работи кои сакаме да ги направиме. Завршивме одлична работа и веќе сме на шеста трка. Се заврши голема работа во фабриката – потенцираше шовлин.

Надградениот болид за прв пат се појави на првиот тренинг во Монако каде Хамилтон заврши на трета позиција, а Расел се мачеше и беше на 15то место. Шовлин појасни дека сеуште е рано да се донесат заклучоци од новите делови бидејќи тука никој не носи надградби. 

Сеуште немавме големи проблеми што е доста корисно. Правевме некои споредби помеѓу болидите и имаме добра насока.

Луис е позадоволен од Џорџ. Има едно место каде патеката најмногу еволуира. Мислам дека бевме во добра позиција на првиот тренинг и ќе видиме како ќе биде натаму.

Сега си играме со основните параметри од конфигурацијата. Не се дизајнира болид за Монако, се дизајнира за Силверстон и барселона. Монако влева самодоверба кај возачот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ