Мерцедес немаат одговор на слабостите на В12

Во Мерцедес се искрени дека немаат брз одговор на слабостите кои ги покажува нивниот овогодишен В12 болид особено нестабилниот заден дел од пакетот.

Актуелните шампиони имаа неколку проблеми за време на тридневниот тест во Бахреин викендов и загубија многу време во поправки и сетирање. Луис Хамилтон се изврте вториот ден откако се мачеше со нестабилниот болид, додека Валтери Ботас се жалеше на задниот дел за време на целиот тест.

Џејмс Вауелс, главниот стратег на тимот, зборуваше за нестабилниот заден дел на болдиот за време на официјалната изјава по крајот на тесстот.

беше јасно дека болидот не се однесува како што сакавме споредено со ред бул кои имаат многу стабилен болид особено тоа беше видливо во последниот сектор од патекаа. мислам дека тоа е фер гледиште на настаните и беше видливо од надвор и би кажал дека времињата по круг се одраз на тоа.

но, фер е да се каже и дека во моментов немаме одговор како да го поправиме проблемот, минаа само неколку денови од тестот и многу податоци се собрани и треба да се анализираат за што е потребно време за да разбереме како да се поправиме – вели вауелс.

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, појасни дека силниот ветер и временските услови кои владееле во Бахреин многу ја отежниле работата на возачите, но нотираше и дека ривалите немале толку нагласени проблеми со својот заден дел од болидот.

ветерот многу ја отежни работата. кога дува зад болидот се губи многу потисна сила затоа што ефективно брзината на струењето на воздухот се намалува и некои кривини на кои ветеот беше од позади беа тешки. потоа тука се и гумите кои лесно прегреваат на таа патека и почнувате да лизгате, а кога се губи грип станува лошо и тешко. имаше доста проблеми.

важно е што видовме дека некои од нашите конкуренти не се маче како нас и мораме да разбереме зошто нашиот заден де од послаб и да го стабилизираме за да стане предвидлив. се надеваме дека до тркачкито виекдн ќе решиме дел од проблемите и ќе работим напорно на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ