Мерцедес немаат план за замена на Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дка не ни размислува на резервен план за замена на Луис Хамилтон доколку седумкратниот првак реши да се повлече од спортот на крајот од оваа сезона кога и му завршува договорот.

Иако Тото и Луис најавуваа дека брзо ќе ги завршат преговорите околу новиот договор, сепак засега тие се во мирување се додека не се најде соодветно време а тоа со оглед на фактот што тимот е насочен кон подобрување на неубедливиот болид. Сепак, без договор, Хамилтон со тимот го взува она што е потпишано пред две години, а е валидно до крајот на оваа сезона.

можеби звуч наивно, но јас навистина немам план б, мојот план а е луис да продолжи со нас и само тоа ми е во игра. не сакам да влегувам во никакви разговори со другив возачи затоа што сум среќен и задоволен од возачите кои ги имам и тоа е тоа. во моментов немаме никаков план за замена на луис – откри австриецот.

Иако нема план за возач кој евентуално би го заменил Хамилтон, сепак е убеден дека возачот нема да се откаже од Формула 1.

мислам дека што и да реши ќе не извести многу рано и убеден сум дека нема д асе откаже и да прекине со формула 1. секогаш чувствувал одговорност кон екипата, иако секогаш може да каже дека му е доста и дека нема да се трка повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ