Мерцедес не веруваат дека агресивна стратегија ќе променела многу

Мерцедес не веруваат дека користење на агресивна стратегија како онаа на Даниел Рикардо ќе било доволно да го предизвикаат посилно Макс Верстапен за триумф на Мексиканското Гранд При.

Холанѓанецот стигна до својата 14та победа сезонава контролиајќи ги Мерцедес зад себе од почетокот до крајот на трката. Ред Бул почнаа на софт, “сребрените“ на медиум, додека втората серија “биковите“ ја одработеа на медиум, додека Хамилтон и Расел се одлучија за хард и очигледно погрешија. Од самиот почеток на серијата на хард, Луис не беше задоволен со гумите и сметаше дека се погрешни, а во еден момент Расел побара да влезе и да ги промени.

Даниел Рикардо од Мекларен своите стартни медиум ги возеше до 44от круг кога промени на софт и леташе до 4то место и покрај фактот што имаше казна од 10 секунди за сударот со Тсунода.

Тото Волф, шефот на Мерцедес, по трката кажа дека е лесно да се суди отпосле, но тие имале податоци кои велеле дека ја користат правилната стратегија.

Мислам дека едно застанување од медиум на хард беше вистинската стратегија. Тоа што медиум држеше до крај е вистинско изненадување. Доколку имаше рестарт ќе имавме различна гума.

Волф изјави дека Мерцедес одлучиле дека ќе загубат повеќе време доколку останат на медиум и подоцна променат на софт како што направи Рикардо.

Инженерите на Хамилтон и Расел ги уверуваа дека медиум на Ред Бул нема да издржат до крај но тоа не се случи.

Мислам дека немаше да ги престасаме и да имавме обратна стратегија. Дури и со софт и медиум имавме мала предност во првиот свиок. Луис беше на надворешниот дел и не знаеш никогаш што ќе се случи. Но бевме близу на различна стратегија.

Мерцедес беше втор најбрз тим во Мексико поради тоа што не се мачеше со отпорот како на другите трки поради надморската висина. Според Волф ова било единствената шанса на тимот за победа.

Според симулациите би рекол да. Имаме тенденција да се бориме за победа. Навистина сум горд со резултатот и експериментиравме со многу работи дури и со перформансите на моторот. Ќе се обидеме да постигнеме максимум до крајот на годината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ