Мерцедес не го сфатиле сериозно потскокнувањето

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, откри дека Мерцедес не го сфатиле сериозно потскокнувањето се до предсезонскиот тест во Барселона. 

На трката во Шпанија, Мерцедес направија надградба на својот болид и беа најбрзи пред трката откакос е направија промени во правилата со висината на болидот. Шовлин појасни дека тимот не го сфатил сериозно проблемот со потскокнувањето во првата спецификација на болидот В13 каде Мерцедес донесе чуден дизајн без странични делови на болидот. 

Како што тимот го решаваше проблемот со потскокнувањето пронајде и нови проблеми со кои мораше да се справува. 

Во Силверстон беше многу лошо и не знаевме со што се справуваме. Не ни беше ништо јасно, Но болидот во Барселона беше различен.

Како што го спуштивме болидот на некое нормално ниво во Силверстон, видовме дека се појавува овој феномен. Знаевме дека мора да го кренеме болидот и да се откажеме од некои перформанси.

Болидот беше доста рано во развојот, Но во Барселона ништо не ни беше јасно. Очекувавме перформанси со пакетот од Бахреин, Но потскокнувањето беше на ново ниво. НЕ добивме перформанси и моравме да го кренеме болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ