Мерцедес објаснија зошто дошло до проблеми со радиото

Мерцедес објаснија како претходно невиден проблем со нивниот систем за радио комунникација го започнало хаосот при менувањето на гуми на Шаркиското Гранд При кој им ја уништи трката и одзема победата.

Младиот Расел водеше најголем дел од трката во Бахреин по надворешната конфигурација откако го менуваше Ковид-19 позитивниот Луис Хамилтон. За време на безбедносното возило кое на патеката го донесе откаченото крило на Џек Аиткен, “сребрените стрели“ се решија на двојна промена и погрешија.

Предните две медиум гуми кои се монтираа на болидот на Расел беа од сет на Валтери Ботас, нешто што неколку кругови подоцна го примора младиот возач повторно да влезе во гаражата, 3ти пат на трката.

За грешката Мерцедес го обвинија системот за радио комуникација во тимот и проблем кој се појавил само на оваа трка во однос на приоритетот на пораките од возачите и оние кои ја менаџираат трката на екипата.

Главниот инженер на Мерцедес крај патеката, Ендру Шовлин, откри дека конфузијата настанала откако бил прнесен различен разговор во момент кога тимот и возачите зборувале во исто време.

немавме доволно време да ја откриеме крајната вистина и да разбереме што тргна наопаку, но најдовме во што билод проблемот. се работи за тоа како радио системот дава приоритет на пораките. кога, на пример, спортскиот директор рон медоус се јавува до екипажот и им дава наредба да подготват гуми за двајцата возачи, имаше многу разговори преку радиото во тоа време.

системот препознава да даде приоритет на пораките кои доаѓаат од рон затоа што најважно е гумите да се подготвени за монтирање, поважно од тоа што го зборува возачот или било кој од тимот.

но, изгледа дека имаше период во кој системот реши да даде приоритет на нешто друго и ја пропушти наредбаа од рон. то значи дека половина од тимот кој менува гуми не ја прими пораката, а останатата половина ја прими. поради тоа имавмедва болиди кои доаѓаат на промена, а гумите не беа подготвени – појасни шовлин.

Инженерот појасни дека со самото тоа што половина од луѓето не биле подготвени за промена било повеќе од доволно за хаосот кој им се случи. Расел беше пратен со погрешни гуми и неколку кругови подоцна вратен во гаражата, а промената на Ботас траеше цела вечност за да на крајот излезе со истите гуми со кои влезе.

јасно е дека “немавме поима“ што правиме во тој момент, но проблемот се појави поради тоа што во клучно време загубивме клучна порака која требаше да биде чуена повеќе од било што.

имаше малку време од излегувањето на безбедносното возило до влегувањето на џорџ во боксот и треба темелно да ги разгледаме логовите од комуникацијата за да видиме што точно се случи. штом целосно ќе развереме и ќе ги одговориме сите прашалници, тогаш ќе бидеме сигурни во кој момент и зошто е настаната грешката и ќе најдеме решение за да не се повтори.

Шовлин откри дека проблемот со радиото бил невиден до тогаш и можел да се појави во било кој момент, но се појавил во најнезгоден за Расел.

ова е нешто што можеше да се случи било кога изминатите три години и можеше да уништи трка на било кој. проблемот постоел во системот и навистина е голема штета што им наштети на возачите, особено на џорџ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ