Мерцедес објаснија зошто не му дозволиле софт на Ботас

Тото Волф објасни дека Мерцедес биле “тврди“ во својата одлука во однос на планираната стратегија за Валтери Ботас на Португалското Гранд При и покрај тоа што финскиот возач побарал спротивна стратегија од Хамилтон, односно софт наместо хард.

Валтери поведе на трката во 6от круг откако го мина брзиот Карлос Саинз од Мекларен и ги задржа водството 20 кругови кога неговиот колега забрза и го претекна.

Откако Хамилтон промени гуми во 40от круг, се приклучи на патеката на 9 секунди од Ботас и со хард гуми на својот болид. Откако беше информаиран за тоа преку радиото, Ботас поабра продолжена прва серија и софт со кој би возел до крајот.

Но, при промената на гуми се виде дека на Мерцедес “им чуе“ што сака Ботас и му ги променија истрошените медиум со бело маркирани хард гуми со кои возеше до крајот на трката која ја заврши на 25 секунди од колегата.

Запрашан за одлуката на тимот, Тото Волф откри дека ќе било многу тешко да се оправда различната стратегија кај двајцата возачи.

сме правеле таква стратегија понекогаш, но тоа секогаш е тешка ситуација. го информирате водечкиот дека ќе му промените на хард затоа што тоа е вистинска стратегија, а вториот почнува да ве убедува дека го сака спротивното, така што тешо да им се објасни. не сакаме многу да се мешаме, но ќе има ситуации во кои е дозволуваме нешто такво – појасни волф.

Австрискиот шеф ја поткрепи одлуката со податоците дека хард била најдобра гума за последниот дел од трката откако било очигледно дека софт гума има краток век, а Серхио Перез и Естебан Окон многу се мачеа на крајот од трката на софт.

бевме убедени дека хард е најдобра компонента. сите податоци кои ги иавме од болидите ни го покажуваа тоа, дека медиум е далеку подобар од софт, а кога ги видовме чеко и естебан на крајот, софт не работеше воопшто.

софт беше најслаба гума викендов, така што нашата одлука беше целосно исправна затоа што се базиравме на податоците.

Хамилтон и самиот сметаше дека може да ја продолжи серијата на медиум пред да промени, а Ботас се мачеше кон крајот на животниот век на гумите и пријави вибрации од предните пневматици пред да влезе во бокс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ