Мерцедес останува со Петронас, соработка со Арамко биле само шпекулации

Главниот спонзор на Формула 1 тимот на Мерцедес, Петронас, ќе ја продолжи долгорочната соработка со екипата, во екот на шпекулациите дека актуелните шампиони ќе почнат да соработуваат со арапски Арамко.

Малезиските нафтени гиганти се главен спонзор и технички партнер на Мерцедес откако германците влегоа во тркачката серија во 2010 годна, додека горивата и маслата како производит на компанијата се долгогодишна помош за “сребрените“ во испорачување на седумте последователни титули во тркачката серија.

Договорот помеѓу двете компании неколку пати е продолжуван, последен пат во 2019 година, а валидноста му е до 2025 година. Но, и покрај тоа, се појавија шпекулации дека Петронас ќе замине од спортот на крајот на сезоната, а во Мерцедес ќе биде заменет со саудискиот нафтен гигант Арамко.

Арамко стана еден од главните партнери на спортот за оваа сезона, а Саудиска Арабија еќ добие и сопствена Формула 1 трка под покровителство на една од најмоќните компании на светот.

Претставници на Мерцедес и на Петронас излегоа со заеднишко соопштение во ко се вели:

петронас и мерцедес се партнери од 2010 година, имаат долгорочна соработка која носи огромна корист на двете страни. лани го продолживме нашето партнерство за повеќе години и горди сме што ќе продожлиме да работиме заедно во испорака на врвни перформанси.

Посветеноста на малезијците кон Формула 1 останува голема и покрај тоа што го прекинуваат спонзорството на Мото ГП Сепанг Рејсинг тимот од следната година.

Еден од сопствениците на Мерцедес, британскиот хемиски гигант Инеос, има блиска соработка со Арамко на проекти во Саудиска Арабија откако во 2019 година најавија инвестиции од 2 милијарди долари во кралството, заедно со француски Тотал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ