Мерцедес открива: Контактот на Хамилтон со пиштолот го забави менувањето кај Ботас

Мерцедес открија дека грешка при менувањето на гуми на Луис Хамилтон во Монако го одложило и забавило менувањето на гуми на Валтери Ботас, што доведе до губење на 2то место од страна на финскиот возач.

Мерцедес планираше двојно менување за своите возачи кога излезе безбедносното возило на патеката, а Валтери реагираше на тој начин што забави за да му остави доволно време на својот колега за промена на гуми.

Цејмс Вауелс, главниот за стратегија во Ферари, откри дека заминувајќи од боксот Хамилтон удрил еден пиштол кој го одвртува и заврува сигурносниот шраф на тркалото и тоа го забавило менувањето кај Ботас.

ако добиете можност да промените гуми зад безбедносно возило во монако, тоа е врв. од 11от круг знаевме дека можеме со истите гуми до крајот на трката, верувавме во медиум, но со најтврдата компонента која ја возеа фетел и верстапен тоа беше уште полесно.

кога имате двојно менување, најбитно е да се остави простор помеѓу двајцата возачи за да првиот болид биде сервисиран, екипажот се подготви, а потоа се серисира и вториот болид. валтери во тој момент беше совршен со одработувањето на патеката и оставањето простор во однос на луис.

луис имаше промена, излезе, а валтери влезе веднаш по него, по штоа почна трка помеѓу фетел, верстапен и валтери за тоа кој побрзо ќе промени. за жал, кога луис излегуваше, закачи еден пиштол за промена и поради тоа им требаше неколку секунди за соодветно да го ресетираат, а тоа не чинеше неколу десетинки. поради тоа загубивме позиција – појасни вауелс.

Ботас го загуби своето второт место токму поради дуелот со Макс Верстапен, но холанѓанецот доби казна од пет секунди и назадуваше две позиции на крајот. Мерцедес објавија и слика од предното десно тркало кои Ботас го оштетил во блиската средба со Макс во бокдот. Финецот се врати по нови гуми уште следниот круг и загуби само една позиција од Фетел.

загубивме неколку десетинки во менувањето на валтери, а ред бул имаа страшно брзо менување, едно од најдобрите за нив сезонава, така што тие екстреми донесоа болидите да бидат пуштени толку блиску. верстапен беше до нас, удри во левиот дел од болидот на валтери и го истурка десно во ѕидот по што се оштети предното десно тркало, што го покажавме на слика.

во живо ние го гледавме притисокот на гумите, набрзинка преку камерите видовме што е проблемот и по само неколку кривини го повикавме назад за да го решиме проблемот. моравме да реагираме, ако почекавме повеќе, валтери ќе беше последен. му ставивме нови тврди гуми кои беа најдобри за до крајот и потоа се вративме на 4то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ