Мерцедес очајно сака да го проба новиот мотор

Шефот на одделот на Мерцедес мотори, Хајвел Томас, изјави дека неговите инженери се очајни да видат како ќе се однесува новиот мотор во новиот болид. 

Производителите на мотори имаат право да ги променат своите мотори за да се приспособат на новото гориво кое е променето од Е5 на Е10. Покрај новиот аеродинамички пакет и нови правила, мораше да се направат и промени кај моторите за да се осигура максимален напредок. 

Томас смета дека одделот за мотори си ја завршил работата заедно со Брекли и дека на тестот ќе видат до каде се и дали се потребни промени. 

Новиот болид е многу различен, Аеродинамиката е различна. Од сите работи кои ги кажавме, сработивме многу и верувам дека болидот ќе може да се менува по барање на возачот.

Направивме симулации и калкулации преку кои го модифициравме моторот. Ќе видиме како ќе реагира на возачот. Очајно сакаме да го пробаме на патека и да видиме дали симулациите се точни. Се надевам дека се точни. Доколку не се, ќе мора да направиме измени според барањата на возачот – објасни томас.

Инженерот додаде дека новите правила му дале можност на Мерцедес да го реосмисли пакетот и да ја оптимизира инсталацијата заедно во соработка со дизајнерите на шасијата. 

Секоја година се трудиме да сме што побрзи. Сега имаме нова шасија што ни дава нова можност. Овие болиди се многу чувствителни. Мора да го оптимизираме моторот за да имаме флексибилност од дизајнерите за да го сместат како што треба.

Работиме заедно за да имаме брз пакет, Но од оваа година моторите се замрзнати. Тоа што го имаме сега останува до 2026 година. Немаме можност за надградби. Само може да работиме на издржливоста.

Со новото гориво, новите правила и целиот нов болид имавме голем предизвик за сите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ