Мерцедес пред договор со Рокит

Мерцедес е блиску до спонзорски договор со Рокит кој може да биде склучен уште пред почетокот на оваа тркачка сезона, пренесува motorsport.

Рокит минатата сезона беше главен спонзор на Вилијамс, на средина од истата дури и нивниот договор беше продолжен, но во екот на кризата, поточно во месец Мај, договорот спогодбено беше раскинат, без при тоа да биде откриена причината.

Во моментов Рокит се чини е на сериозен пат да стане спонзор на Мерцедес пред новата сезона, а се очекува многу скоро да следува и потврда на истото. Портпарол на “сребрените“ одби да дава било каква изјава, ништо не потврди, но ништо не ни демантираше.

Рокит групата има многу брендови, сопствена компанија за производство на мобилни телефони како и АБК пиварница во Германија, две компании кои беа на големо присутни на болидот на Вилијамс лани и за време на предсезонските тестови. Откако ја прекинаа соработката со Вилијамс, тие објавија дека остануваат посветени на нивните други моторспорт активности како спонзорството во Формула Е тимот Вентури и спонзорството на женската В тркачка серија.

Мерцедес веќе како свои партнери ги има Петронас, кои се дел и од името на тимот, потоа Босе, Монстер Енерџи и од оваа година хемискиот гигант Инеаос, така што пристигнувањето на Рокит само ќе ја направи екипата многу попрофитабилна со оглед на ограниченото трошење од 145 милиони долари следната година.

Тото Волф уште во Февруари откри дека негова цел е да ја направи екипата профитабилна, така што останувањето на Даимлер преку Мерцедес во спортот би било одлука без размислување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ