Мерцедес признаа дека имале погрешна стратегија за Ботас

Главниот стратег на Мерцедс, Џејмс Вауелс, вели дека тимот направила погрешна стратегија за Шпанското Гранд При, што пак го чинело Валтери Ботас шанса да го претекне Макс Верстапен за втората позиција.

Ваулс признава дека имало простор кој ќе овозможел Ботас да го претекне Верстапен, доколку влегол во бокс, но тимот не ја искористил таа шанса, а финецот на крајот морал да се задоволи со трето место. Ботас имаше лош старт од второто место, а беше претекнат и од Верстапен и од Ленс Строл. Тој изгуби време борејќи се со Строл, а потоа се фокусираше кон Верстапен пред него.

Откако Валтери дојде на трето место, ги разгледавме опциите и имаше само две можни. Првата беше да вози подолго, да го натераме Верстапен да влезе порано во бокс, а потоа да го претекне преку боксот. Втората беше пред него да влезе, но за тоа, тој мораше да биде многу, многу блиску до него во првиот стинт, а не беше. Не успеавме да се доближиме до Верстапен доволно.

Разбирливо, Валтери се бореше низ гужвата до тој момент и изгуби дел од перформансите на своите пневматици. Во втората серија, имаше можност повторно. Беше во рамките од еден круг. Требаше да премине на медиум.

Но сепак постоеше. Ја дискутиравме, беше можност, но исто така имаше и опции да вози подолго, а беше прашање на баланс помеѓу двете. Исто така имаше и шанси за лошо време. Поради сето тоа, се откажавме од таа опција и продолживме на долга серија.

Одлуката беше погрешна, мислам дека имавме шанса, само во еден круг во 39от круг. Сепак, Валтери заврши одлична работа и се врати на трето место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ