Мерцедес признаа дека користелe многу ДАС на Нирбургринг

Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Вауелс, откри дека Системот за управување со двојна оска, скратено нарачениот ДАС, бил многу користен за Ајфелското Гранд При што направило огромна разлика во перформансите на болидите.

За време на предсезонските тестови ДАС системот беше премиерно прикажан, тоа е систем кој им овозможува на Хамилтон и Ботас да го променат аголот на тркалата и со поголема нагазна површина истите посилно да се затопчуваат.

Многумина се сомневаа волегалноста на системот поради што ФИА го забрани за следната година, а Мерцедес неколку пати објавија дека предноста која тој ја носи не е многу голема.

фер е да откриеме дека дас системот ко користевме повеќе од било кога минатиот викенд. на слободните тренинг сесии, на квалификации и секако на трка. во однос на тоа каде го користевме на трка, го користевме во формацискиот круг, но и позади безбедносното возило.

штом гумите се загреваа заради забавување на трката, го користевме системот. сметам дека дас придонесе многу за нашиот одличен рестарт и навистина добро го искористивме и ни донесе предност викендов – појасни вауелс.

Вистина е дека Хамилтон успеа многу брзо да побегне од конкуренцијата за време на рестартот и не им даде можност ниту да му се приближат во ДРС зоната, но трката не беше толку безгрешна за “сребрените стрели“ затоа што дефект на моторот доведе до откажување на Валтери Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ