Мерцедес сеуште не ги разбираат проблемите на В13

Од седумкратниот последователен конструкторски првак, Мерцедес, признаваат дека сеуште не ги разбираат сите проблеми на својот овогодишен В13 болид.

Тие завршија тешка сезона во која дојдоа до победа на претпоследната трка откако имаше целосно нова регулатива за годината. Новиот болид најпрво се мачеше со потскокнувањето и поради тоа губеше перформанси, а кога тоа беше решено, тимот напредна, но на последната трка од сезоната повторно се јави потскокнувањето.

Од тимот велат дека научиле вредни лекции во борбата да го поправат и разберат болидот и како најдобро да се пристапи на новите правила и земјениот ефект, но сеуште не го разбираат целосно пакетот.

во моментов, откако ја завршивме целата сезона, сеуште не го разбираме правилно болидот, а мислам дека тоа нема да биде случај ниту на почетокот од сезоната.имавме подеми и падови многу често, некои од нив ги разбравме, но за најголем дел сеуште немаме одговор.

ако се погледне насоката по која се движиме, заостатокот од водечките, особено во однос на ритамот на трка, многу напреднавме во текот на сезоната, но не разбравме каде точно се нашите проблеми – посочи ендру шовлин, главниот инженер на екипата.

Од екипата од Бракли изразија одготвеност да го променат концептот на болидот за следната сезона откако се смета дека овогодинешниот концепт има големи проблеми кога се поставува ниско до земја, како што бараат правилата на земјениот ефект.

убедени сме дека со алатите кои ги имаме на располагање, со нашиот воздушен тунел и план за развој и перформанси, одличнта организација, ќе произведеме перформанси подобри од нашите конкуренти, а кон тоа секогаш се стремиме.

сеуште имаме големи проблеми, абу даби го покажа тоа. проблемите мора да ги надоместиме во текот на зимата и мислам дека имаме се што е потребно за тоа. развојот кој го видовте во текот на сезоната ќе продолжи и зимава и очекуваме да бидеме многу силни догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ