Мерцедес сеуште треба да го “испеглаат“ немирниот заден дел

Мерцедес се свесни дека сеуште имаат немирен и незадоволителен задн дел од својот В14 болид и мора да направат напредок со новите делови кои ќе ги донесат.

Тимот донесе куп новини на трката во Монако, пакет кој вклучуваше нови странични делови, ревидирана предна суспензија и големи промени на подот. Но, природата на патеката во Монако е таква што не дозволи да се види напредокот во однос на перформанси иако од тимот посочија дека се задоволни и охрабрени од податоците.

Тото Волф откри дека она што треба во моментов да го променат е подобрување на балансот во задниот дел на болидот, нешто што им прави проблеми на Луис Хамилтон и Џорџ Расел и не им дава доволна верба да напаѓаат посилно низ кривините.

болидот се чувствуваше како една целина, што е добро, но сеуште нема добар заден дел, така што на тоа треба да поработиме и тој проблем да го решиме. имаме добра база и тоа е најважно, некои работи во кои се сомневавме веќе се расчистени, така што имме добра почетна точка. работата која беше направена во фабриките за новиот пакет донесен во монако се исплатеше и тоа е одлично – посочи тото волф при својата проценка за новините на тимот.

Шпанското Гранд При е на програмата викендов и истото ќе даде можност на тимот уште подобро да ги разбере новите делови на патека полна со средни и брзи кривини, чиста спротивност од трката зад нас. Тото не смета дека тимот веднаш ќе ги добие одговори кои ги чека.

мислам дека викендот во барселона неам да биде доволен, иако знам дека ќе собереме доста податоци. поради тоа го донесовме пакетот и во монако, за да имаме повеќе податоци за анализа. трката потоа која ќе се вози во монтреал ќе биде нешто друго и се надевае дека од таму ќе почнеме да ги засилуваме перформансите на болидот, но ништо нема да биде одеднаш.

задоволен сум од она што го видов во монако, патека која никогаш не одговарала многу на нашите болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ