Мерцедес се надеваат дека лутиот Хамилтон нема да замине од Ф1

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се надева дека лутиот Луис Хамилтон нема да замине од Формула 1 по поразот во Абу Даби и разочарувањето од таа трка.

Британецор беше на добар пат да стане првиот осумкратен Формула 1 првак се до попследниот круг односно повлекувањето на безбедносното возило кога беше претена од неговито главен конкурент, Макс Верстапен и на тој начин ја загуби титулата. Мерцедес се жалеа на резултатот, но нивните жалби беа одбиени, а потоа се решија и да не протестираат.

Тото Волф објасни дека губење на титулата на таков начин донела огромно разочарување кај него и кај Хамилтон, но се надева дека тоа нема да го натера седумкратниот првак да си самине од спортот.

луис и јас сме многу ражни во моментов, не на спортот, спортот го сакаме со секој дел од телото затоа што штоперката никогаш не лаже. но, ако се прекршат основните принципи на фер однесување, тогаш штоперката не е релевантна затоа што сме изложени на ралични одлики, а со тоа се губи љубовта кон тркањето.

ако почнуваме да се осмневаме во целата работа која ја правиме, потта, маката и солзите кои се доказ дека носиме најдобри перформанси на патеката тоа не е добро. никогаш не може да ја заборавиме и надминеме болката која беше предизвикана во недела.

се надевам дека луис ќе продолжи да се трка затоа што тој е најдобар возач на сите времиња. ако ги погледнете последните четири трки, доминираше цело време, а во абу даби немаше сомнеж кој е победи на трката и поради тоа тој е достоен да ја освои титуата.

ќе работиме и анализираме следните недели и месеци и мислам дека како тркач во срце, тој треба да продолжи затоа што е на врвот во својата кариера. но, прво мораме да ја надминеме болката која ни беше предизвикана од трката во недела, а тоа може да се направи само ако разбереме што точно се случи – посочи волф.

Австрискиот шеф на тимот посочи дека возачот бил дел од одлуката да се поднесе жалба на одлуките, а подоцна и да се повлечат од таквата процедура затоа што не сакал титула надвор од патеката. Тото откри дека им било многу тешко да ја повлечат жалбата затоа што биле целосно против слободното толкување на спортските правила што мислат дека се случувало во абу даби.

тој беше дел од секоја наша одлука. заедно одлучивме да протестираме, да се жалиме и да се повлечеме од жалбата. може да замисите колку беше тешко не само за него, туку и за сите во тимот да носат такви тешки одлуки по загубена титула на тој начин.

никој од нас не сакаше титула добиена на друго место освен на патеката, но од друга страна сме загрижени за тоа што се случи во недела и со такво слободоумно интерпретирање на правилата каде луис не можеше ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ