Мерцедес се надеваат дека не биле силни во Мелбурн само поради патеката

Во Мерцедес се надеваат дека ги подобриле перформансите од последната трка во Австралија и дека тоа не е само до дизајнот и карактеристиките на истата, туку ќе продолжи и во иднина. 

По првите две трки, Тото Волф го критикуваше дизајнот на болидот и најави дека ќе направат нов концепт за следните трки, но сега тимот зарши на подиум и тоа на втора позиција. 

Џејмс Алисон од Мерцедес потенцираше дека нивото на перформанси било на слично ниво како Астон Мартин и Ферари. 

Дали беше очекувано? Да, но се надевавме дека нема да е само тука. Различно е од Ред Бул, но не е толку различно од другите. Најголема промена имавме во Австралија каде Ред Бул заостануваа на квалифиациите споредено со другите,Но бевме слични со Ферари и Астон Мартин. 

Сепак, Алисон смета дека е прерано да се зборува за тоа дали проблематичниот болид веќе не е таков. 

Очекуваме борба со Ферари и Астон Мартин и очекуваме да сме понапред. Потребни ни се добри резултати, но времето ќе покаже.

Одиме на различни патеки во наредните недели и генерално очекуваме подобри перформанси и дека ова не беше само за Мелбурн. 

Карактеристиките на следната трка во Баку се тотално различни бидејќи има доста различен асфалт од Алберт Парк и долги правци. 

Ова е тешко прашање дали може да го повториме успехот затоа што Тоа се различни патеки. Мелбурн е лимитиран и бара повеќе од предната оска, додека Баку од задната и тоа е различно. Но, работиме на болидот и ќе се справиме со предизвикот кој го носи Баку. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ