Мерцедес со објаснување за проблемите на квалификациите во Турција

Од Мерцедес објаснија зошто доцнеле толку многу со формата во квалификациите на Турското Гранд При, за потоа Хамилтон да стигне до победа во трката.

Во квалификациите, при влажна сесија, Хамилтон се пласираше на шесто место, 4.7 секунди позади Ленс Строл на пол позиција. Директорот за стратегија на Мерцедес, Џејмс Вауелс, објасни дека тимот едноставно не бил во можност да ги загрее пневматиците за толку краток период, што пак не било проблем во трката.

Во К1 кога бевме на гуми за мокра подлога со повеќе кругови, не бевме толку лоши во однос на другите, всушност двата болида беа во топ 5. Но, на крајот на К1, по повеќе црвени знамиња, го видовме вистинскиот проблем.

Сите тимови, сите возачи извозеа само еден круг со тие гуми. Се се сведува на температурата. Во К2 имавме и подолги серии, а доцневме две секунди позади Верстапен.

Во К3, Строл го направи истото нешто како и нас, со еден брз круг на влажни пневматици, а потоа два круга на интермедиа, која се покажа како побрза. Се се сведува на енергијата во гумите, моторот создава енергија кога ги ротирате гумите, сопирачките создаваат енергија, а таа се движи кон пневматиците.

Очигледно беше влажно, а тоа влијаеше постојано над пневматиците, така што важно беше да се вложи повеќе енергија во нив одколку што се одзема – појасни вауелс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ