Мерцедес со подобрен В13 снимале на Пол Рикар

Мерцедес комплетирале ден за снимање со многу новини на својот В13 болид на француски Пол Рикар, а новите делови, кои тимот сака да ги донесе во Барселона, биле воочливи.

Шпекулациите во медиумите велеа дека тестот на Мерцедес со Џорџ Расел се случил во Среда зад затворени врати на автодромот, иако екипата не најави и не потврди дека користела ден за знимање. Ферари минатиот Петок исто така искористи ден за знимање во пресрет на Шпанското Гранд При и тоа на домашната Монца, на целосно затворена патека и се вели дека исто така со многу новини на Ф1-75.

Екипите имаат можност да искорист два денови за снимање со актуелната генерација на болиди и секој од тие денови е ограничен на по 100 километри.

Италијанскиот новинар, Џулиано Дучеса пренесе дека Мерцедес нашле подобрување иако имале само ограничени километри, имале ново задно крило и подобар мотор, делови кои ќе ги видиме во Шпанија, така што на правците биле 3-4 километри на час побрзи од претходно. Тимот има уште новини во тек на кои се работи, а главна цел е да се контролира потскокнувањето кое ги мачи од почетокот на сезоната и им ги уништува перформансите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ