Мерцедес ја откри штетата на Хамилтон од сударот со Окон

Мерцедес излегоа со детали околу штетата на предното крило на Луис Хамилтон во Монако. 

Тој два пати имаше контакт со Естебан Окон при што го оштети предното крило. Французинот заработи казна од пет секунди за ударот за што тој смета дека не била оправдана. Ендру Шовлин изјави дека Хамилтон губел две десетинки по круг поради штетата. 

Не е голема бројка доколку ги погледнеме податоците. Имаше и црвено знаме што ни дозволи да направиме поправки без да губиме време. Среќа тоа беше единствената штета. Возачите завршија добра работа што ги вратија болидите без големи оштетувања – посочи шовлин.

При крајот на трката, Хамилтон заглави зад Алонсо и не можеше да напредува. Шовлин смета дека Хамилтон ќе се тркал со Расел и Норис доколку бил во чист воздух. 

Секако дека фрустрацијата на Луис беше поголема бидејќи заглави во сообраќај. Не извозе многу кругови за да покаже како функсционира болидот. Немавме брзина да се тркаме со Ферари и Ред Бул, но секако ќе можевме против Џорџ и Ландо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ